Search

Пет фудбалери од Ливерпул се најдоа во идеалниот тим на УЕФА

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на својата официјална веб-страница го претстави симболичниот тим на годината по резултатите постигнати на тимовите во сезоната 2018/19. Во него најмногубројни се играчи од европскиот шампион Ливерпул.

Тимот е избран со гласање на читателите на веб-страницата на организацијата.

Во идеалниот тим на УЕФА за сезона 2018/19 се најдоа:

Голман: Алисон Бекер (Ливерпул);

Дефанзивци: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Матијс де Лихт (Ајакс /Јувентус), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Ендру Робертсон (Ливерпул);

Среден ред: Френки де Јонг (Ајакс /Барселона), Кевин де Бруин (Манчестер сити);

Напаѓачи: Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Садио Мане (Ливерпул).

Треба да знаете
Последни објави