Search

Петта жртва на коронавирусот во Италија

Во Италија денеска почина и петто лице заразено од коронавирусот, соопшти шефот на државната служба за цивилна заштита, Анџело Борели.

Тој исто така кажа дека во земјата 219 луѓе се заразени со вирусот, објави агенцијата „Анса“.

Загрижувачки е тоа што бројот на заболени во Италија двојно се зголеми за само 24 часа, а Министерството за здравство е загрижено затоа што сè уште не е откриен нулти пациентот, односно првиот заразен пациент.

Според статистиката, во Италија има најголем број заболени и жртви на ниво на цела Европа.

Починатите се повозрасни луѓе кои имале други болести и се наоѓале во тешка здравствена состојба.

 

Треба да знаете
Последни објави