Search

Петрушевска: Вклучете се на иницијативата Вашите проблеми, заеднички до решенија

Интегрален текст од видео обраќање на Марија Петрушевска, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Епидемијата го извади на виделина вистинското лице на власта која што заборави дека државата постои за граѓаните. На прагот на најголемата криза до сега, здравствена и економска, Вие со право сте загрижени. Македонија е пред предизвикот на несигурност и неизвесност.

Граѓаните мора да бидат слушнати. Нивните проблеми, нивните идеи, нивните предлози, нивните решенија. Тие, граѓаните на Македонија се непресушниот извор на ресурси.

Нам блискоста до народот ни е исклучително важна. Како народна партија, потекнуваме од вас и постоиме за вас, за заедно да ги надминеме предизвиците.

Многу пати до сега сме покажале дека заедно можеме се’, заедно ќе се избориме и со овие предизвици.

Пишете ни, испратете ни ги вашите предлози и идеи, пишете ни што ве мачи и како може да се надминат проблемите.

Сите ваши иницијативи внимателно ќе ги разгледаме, и од нив ќе понудиме решенија пред институциите со можност да бидат спроведени.

Вклучете се на иницијативата Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”.

 

Треба да знаете
Последни објави