Search

Петмина обвинети за носење униформи за екстремистичката Унгарска гарда

Унгарското јавно обвинителство денеска покрена обвиненија против четворица мажи и една жена за носење униформа на Унгарската гарда, екстремно десничарска организација забранета во земјата.

Обвинителот Тибор Ибољa кажа дека петмината осомничени во март  присуствувале на одбележувањето на 100-годишнината од изборот на Миклос Хорти за регент на Унгарија, пренесува агенцијата МТИ.

Според обвинението, тие го прекршиле законот за право на собирање, со кој се забранува носење облека од воен вид, ако е поврзано со насилство и заплашување.

Треба да знаете
Последни објави