Search

Петмина заразени со Ковид-19 на турнирот на кој настапија нашите Јанески и Лама

Македонскиот боксери Гоце Јанески и Јасин Лама покрај тоа што се уште се „заглавени“ во Лондон, каде што скоро две недели настапија на олимпискиот квалификациски турнир, се соочуваат со нов проблем, откако веќе се појавија неколку заразени со коронавирусот меѓу самите актери на овој спортски настан.

Синоќа, од Хрватска дојде информација дека боксерот Тони Филипи и неговиот тренер се заболени со Ковид-19, болест која ја добил за време на престојот во британската престолнина, а денеска од Турција доаѓа веста дека боксерот Серхат Ѓулер, неговиот тренер и уште еден човек од турската делегација се заразени со коронавирусот. Со оглед што се уште целосно не е изминат периодот на инкубација (14 дена), за очекување е појава на други случаеви со заразени со коронавирусот од актерите на боксерскиот турнир во Лондон, на кој настапија дури 350 спортисти од 40 земји.

Јанески и Лама деновиве се во хотел во Лондон, каде што чекаат да се најде начин да се вратат дома, по двата неуспешни обиди да дојдат во Скопје, прво преку Истанбул, а потоа и преку Солун. Тие не се во карантин, бидејќи не биле во контакт со Хрватот Филипи, но прашање е да се види нивната реакција на информацијата од Турција, пред се што заразениот боксер се натпреварувал во иста категорија како и Јанески (до 75 килограми).

Боксерите чекаат на хуманитарниот лет највен од Владат, со кој по две недели би го напуштиле Лондон. По пристигнувањето во Скопје, без разлика кога тоа би било, двајцата ќе мора да заминат во задолжителен двенеделен карантин.

Превземено од Спорт1

Треба да знаете
Последни објави