Search

Петар Рупески од Варош по петти пат го фати крстот во Охрид

Петар Рупески од Варош беше најсреќен меѓу неколкуте стотини верници кои денеска влегоа во студените води на Охридското Езеро и успеа прв да дојде до светиот крст. Ова е петти пат во изминативе години како Петар го фаќа крстот, а првиот пат тоа се случило во 2005 година.

Чинот е дел од традицијата на големиот христијански празник Богојавление – Водици, денот кога православните свешттеници на овој начин ги осветуваат водите низ целата земја.

Се верува дека на Богојавление Свети Јован Крстител го крштевал Исус Христос во водите на реката Јордан.

На чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро што го спроведоа свештеници од Дебарско-кичевската епархија присуствуваа десеттина илјади луѓе, православни верници од Охрид и од други делови на Македонија, но и гости од странство.

Треба да знаете
Последни објави