Search

Песков: Засега не е во план состанок меѓу Путин и Ердоган за Сирија

Засега не е планиран состанок на рускиот и турскиот претседател, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, но лидерите можат да се договорат за контакт доколку е неопходно, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Доколку претседателите сметаат дека тоа е неопходно, тогаш ќе се одржи состанок. Засега не е донесена таква одлука, рече Песков, одговарајќи на прашање дали ќе има состанокот меѓу Путин и Ердоган за ситуацијата во Идлиб.

Турските власти вчера и порачаа на руската делегација дека нападите врз турските набљудувачки пунктови во северозападна Сирија мора веднаш да престанат и дека ваквите напади нема да поминат без одговор.

Ибрахим Калим, советник на турскиот претседател, изјави дека на руската делегација им било кажано дека нападите врз турските сили се неприфатливи и дека Москва мора да ги исполни своите должности како што е предвидено со договорот за деескалација меѓу Москва и Анкара од 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави