Search

Пенс: ЕУ ги крши американските санкции кон Иран

Американскиот потпретседател Мајк Пенс денеска ги обвини европските сојузници на Вашингтон дека се обидуваат да ги прекршат санкциите што САД ги воведоа кон Иран и ги повика да се повлечат од иранскиот нуклеарен договор.

– За жал, некои од нашите европски партнери не се ниту приближно кооперативни. Всушност, тие се обидуваа да создадат механизми за кршење на нашите санкции, изјави Пенс на конференцијата за Блискиот Исток, што САД ја организираа во Полска.

Програмата што ЕУ ја воспостави за да се олесни трговијата со Иран, Пенс ја нарече обид „да се прекинат американските санкции против иранскиот револуционерен режим”.

– Тоа е непромислен чекор што ќе го зајакне Иран, ќе ја ослабне ЕУ и ќе создаде уште поголема дистанца меѓу Европа и САД, рече Пенс.

На собирот во Варшава учествуваат повеќе од 60 земји, но европските сили Германија и Франција одбија да испратат свои претставници.

Пенс истовремено го обвини Иран дека е „најголем спонзор на тероризмот во светот”.

Треба да знаете
Последни објави