Search

Пензионери уапсени на крузер поради меѓународен шверц на кокаин

Постара брачна двојка е уапсена поради тоа што поголема количина на кокаин била запленета во нивниот багаж по крстарење од Карибите до Европа.

Седумдесетгодишна жена и нејзиниот две години постар сопруг уапсени се откако во нивната кабина била пронајдена поголема количина на кокаин. Тие биле уапсени по дојава откако бродот на компанијата Marco Polo of Cruise & Maritime Voyages пристигнал на пристаниште во Лисабон.

„Уапсен е постар пар кој превезувал дрога на линија која превезувала патници од Карибите до Европа. Тие се обвинети за меѓународна трговија со дрога“, соопшти португалската полиција.

Инаку, по извештајот кој го добила португалската полиција, неколку полицајци се преправиле како патници, по што постарата двојка конечно била уапсена во Лисабон.

Треба да знаете
Последни објави