Search

Пендаровски ја прифати поканата на Поповски за користење на алатката за транспарентност на службените трошоци

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски кој го запознал со заложбите на Владата за целосна транспарентност и отчетност, презентирајќи му ја Алатката за јавно објавување на службени трошоци на носителите на јавни функции.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Пендаровски ја потврдил неговата определба за транспарентно и отворено работење и ја прифатил поканата претседателот на Република Северна Македонија и неговиот Кабинет да ја користат Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, која, како што посочил, ќе започне да се применува по неопходните технички подготовки кои се очекува да завршат во последниот квартал на годинава.

-Претседателот Пендаровски истакна дека користењето на Алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции е во насока на поголема транспарентност на институциите пред граѓаните, како и одговорно работење, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави