Search

Пендаровски чека полицијата да утврди дали бил следен од параструктури

Пендаровски чека полицијата да утврди дали бил следен од параструктури

Полицијата треба да постапи по пријавата на Стево Пендаровски до СВР-Скопје и да утврди дали тој бил следен од некои параструктури. Ова е ставот на Пендаровски за неговата вчерашна пријава до полицијата.

„Ќе го почекаме официјалниот извештај на полицијата која постапува по мојата пријава што ја поднесов вчера до СВР-Скопје.  Се надевам дека јавните личности во земјава се заштитени и дека органите си ја вршат својата работа. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски овие сомнежи за следење ги постави кон крајот на јануари на пратенички прашања, и зборуваше дека се следени јавни личности. Мојот впешаток е дека сум следен но очекувам дека наскоро ќе се разјасни целиот настан за да знаеме сите граѓани во државата дали сме безбедни“, изјави Пендаровски

Треба да знаете
Последни објави