Search

Пендаровски му се заблагодари на амбасадорот Тимоние за севкупниот негов дипломатски ангажман

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Претседателот истакна дека Северна Македонија во Франција гледа сојузник во остварувањето на стратешките цели.

Претседателот Пендаровски изрази задоволство што за време на четиригодишниот мандат на амбасадорот Тимоние двете држави станаа сојузници во НАТО, и беше донесена одлука за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го истакна значењето на поддршката што Франција ја дава на европската перспектива на Северна Македонија и на регионот, посочувајќи дека по усвојувањето на новата методологија за водење на преговори, на државите-кандидати им е овозможено интеграцијата во ЕУ да се одвива преку имплементација на темелни реформи.

Претседателот Пендаровски му се заблагодари на амбасадорот Тимоние за севкупниот негов дипломатски ангажман во нашата држава и му посака успех на личен и на професионален план. 

Треба да знаете
Последни објави