Search

Пендаровски: Кавадарци е една од општините која треба да има посебен третман од било која власт

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски денеска беше во Кавадарци и одговараше на прашањата на новинарите во Кавадарци.

Што би требало да очекуваат граѓаните од Тиквешијата, онаму каде што сте сега?

-Јас тукушто разговарав со некој од овдешните власти и чув некои податоци кои може само сите нас да не радуваат, не само вие што живеете тука, туку и сите ние кои живееме во другите региони и градови на Македонија. По БДП, во просек ова е практично втора општина во Македонија, по една од скопските општини. Чув дека ја имате една од најмалите стапки, ако не и најмала стапка на невработеност, официјално 5 отсто и мислам дека ако сакаме Македонија да напредува а мислам дека тоа ни е желба на сите нас и да биде еден ден средена и богата европска држава, Кавадарци е една од општините која треба да има посебен третман од било која власт. Сосема независно кој е во владата во Скопје, било која политичка структура, ваквите примери треба само да ги поддржува и да како добар пример ги покажува на сите останати општини и региони во Македонија, рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави