Search

Патот кон Теферич ќе биде затворен за сообраќај

Денеска од 09 часот заради градежни активности патот кој води кон населеното место Теферич ќе биде целосно затворен за сообраќај, информира Општина Кисела Вода.

На улицата во должина од 200 метри ќе се санираат оштетените делови. Поради ова, во период од еден месец сообраќајот ќе се одвива по ул. „Христо Татарчев“.

 Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за трпение и разбирање додека траат грaдежните работи.
Треба да знаете
Последни објави