Search

Парламентот во Британија гласа за Брегзит: Или 29 март или заминување на Меј од функцијата

Британскиот Парламент денеска треба да се изјасни по однос на договор за Брегзит, што премиерката Тереза ​​Меј го постигна со Европската унија. Меј ги повика пратениците уште еднаш да го разгледаат договорот за брегзит и ги одби повиците да го одложи британското повлекување од ЕУ.

„Ги повикувам пратениците од двете страни на Парламентот, без разлика на тоа што ќе одлучат во следните неколку часа, уште еднаш да го разгледаат договорт“, изјави Меј пред Парламентот, пренесува „Индекс”.

Премиерката заклучи дека договорот не е совршен и дека тоа е резултат на компромис.

Таа ги отфрли барањата на некои пратеници да го одложат брегзит, закажан за 29 март, со што би имало повеќе време за да се постигне консензус или да се одржи нов референдум.

„Ќе ја напуштиме ЕУ на 29-ти март. Верувам дека поради нашата демократија е важно да ги спроведеме резултатите од референдумот во 2016 година”, рече Меј.

Треба да знаете
Последни објави