Search

Париз ja распушти специјалната полициска единица поради криминал

Началникот на полицијата во Париз, Дидие Лалман, ја распушти специјална полициска единица во сиромашното париско предградие Сен Дени, откако обвинителството отвори кривична постапка против четворица членови обвинети за „особено сериозни“ кривични дела, вклучително кражби, поседување наркотици и изнудување пари од дилери на дрога.

Полициската управа во Париз објави дека ќе се анализира начинот на функционирање во специјалната единица и ќе бидат утврдени причините за несоработката со локалната полиција, како и дека ќе бидат разгледани постапките за прием на членови во вакви специјални полициски сили, наведува АП.

Веста за настаните во Сен Дени одекна во јавноста и предизвика гнев кај граѓаните поради полициската злоупотреба и расната нееднаквост.

Покрај четворицата припадници на полицијата против кои е поведена кривична постапка, уште петнаесетина се предмет на претходна истрага, соопштија судските органи.

Треба да знаете
Последни објави