Search

„Парамаунт” подготвува преработка на филмот „Без лице”

Продукциската куќа „Парамаунт пикчрс” подготвува нова, видоизменета преработка на филмскиот хит од 1997 година, „Без лице” (Face/Off).

Проектот е во претпродукција. Сценариото ќе го пишува Орен Узиел, а глумците и режисерот сѐ уште не се познати.

Во оригиналната верзија, главните улоги ги толкуваа Џон Траволта и Николас Кејџ.

Треба да знаете
Последни објави