Search

Папата Франциск одби да им дозволи на свештениците од Амазон да склучуваат бракови

Патата Франциск го одби предлогот на свештениците од Амазон да им се овозможи да склучуваат бракови, во тоа што требаше да биде посебен исклучок од правилото за целибат за свештенството, јави ДПА.  

На самитот на Римокатоличката црква во октомври,попознат како синод, кардиналите од Амазон побара да се прифати и свештенство на женети мажи, но само од нивниот регион, како обид да го надоместат очигледниот недостиг од клер во одалечените предели од Дождовните шуми.

Во документот што се забележува како негов официјален одговор на синодот, папата Франциск не спомнува конкретно за оваа тема, но кажува дека ја исклучува можноста лица кои не се свештеници да даваат света причест и да изведуваат исповед.

Исклучокот од правилото за целибат за свештениците, иако ограничено на регионот Амазон, најверојатно ќе ги разлути традиционалистите во Римокатоличката црка, кои и онака на папството на Франциск гледаат како на премногу либерално, додава ДПА

Треба да знаете
Последни објави