Search

Папата се ракуваше со верниците во Ватикан, а тие носеа маски

Ватикан продолжува со плановите на папата Франциск по повод одбележувањето на „пепелава среда“ или првиот ден од велигденскиот пост, иако мисите во другите делови на Италија се откажани поради коронавирусот.

Папата Франциск на плоштадот Свети Петар во Ватикан упати молитви за жртвите на коронавирусот и медицинскиот персонал што ги лекува.

Илјадници насобрани верници носеа заштитни маски, а папата бакна едно дете додека поминуваше низ плоштадот во својот папамобил и се ракуваше со верниците кои седеа во првиот ред.

„Уште еднаш сакам да изразам блискост со оние кои страдаат од коронавирус и со здравствените работници кои ги лекуваат, како и цивилните власти и сите кои помагаат на пациентите во спречување на заразата“ рекол папата.

Мерките за заштита се преземени и во другите католички земји, па така на Филипини свештениците посипале пепел по главните верници, наместо да ставаат знак на крст на чело, додека во Венеција е откажана мисата во црквата Свети Марко.

Треба да знаете
Последни објави