Search

Панел дискусија за транзициската правда: Нужни се придвижувања во дискурсот, во јавниот говор

Нужни се придвижувања во дискурсот, во јавниот говор, како е стигнато до оваа апсолутна поларизација, преку контрола на јавниот говор, или тоа то би го нарекла хегемонија на дискурсот, која ги воспоставила вредностите така што сега владее логиката на исклучивост, изјави Катерина Колозова на денешната Панел дискусија на тема „Транзициска правда за посткризниот период во Република Македонија”, што се оддржа во Скопје.

Мора да се направи интервенција во јавниот говор и пред се на таа хегеномија, каде други определени уверености во јавниот говор ќе треба да владеат: дијалог, дијалектика и суштинска демократија. Сметаме дека ако сме во ваква драматична состојба каде што е невозможно таа демократија да се практикува, дека навистина сме во некој постреволуционерен период, рече Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки –Скопје.

Таа нагласи и дека при секое авторитарно општество потребни се комплекси механизми, бидејќи судската правда не е доволна.

Гордан Георгиев најави дека Институтот за општествени и хуманистички науки –Скопје подготвува една обемна анализа за најавениот процес за помирување со наслов „Како да се помириме без да се доомразиме”.

Имено, рече тој, немаме големи ломови во општеството, се претпоставува дека големи групации од граѓаните на завојуваните и поларизираните страни можеби не мислат дека треба да се помируваат.

Тој рече дека идејата на владејачките елити е амнестијата да го претстави како помирување.

Граѓанското општествто може да биде идеален соговорник, медијатор, олеснувач во приказната околу помилувањето. Жртвите се најрезилентниот аспект од целиот аспект на помирување, нагласи Георгиев.

Аналитичарот Харалд Шенкер нагласи дека треба да се споменат две работи: Македонија ја наследи транзициската правда како оставина од регионот и последица од војните на просторот на поранешна Југославија, а другата е дека имаше неуспешен обид за пацификација на општеството по 2001 година, каде суштината на дебатата за транзициската правда воопшто не се случи.

Неодамна имаше промена на власта, а во смисла на транзициската правда беше формирано СЈО, судењата за 27 април и законот за амнестија. Би рекол и дека препораките на експертската група на Прибе имаат допирни точки со транзициската правда. Доколку транзициската правда се сфати сериозно, тогаш потребно е да се реформираат институциите за надзор, како што се народниот правобранител, државната комисија за спречување на корупција и други, наведе Шенкер.

Тој рече дека на полето на транзициска правда прво треба да земат во предвид жртвите, односно да се примени пристапот на почитување на човекови права.

Џабир Дерала од Цивил рече дека помирувањето во Македонија не може да се ограничи само на тоа што е поврзано со случувањата на 27 април минатата година, туку и дека на тој ден се видела кулминацијата во поделбите во општеството.

-Како е можно да сме дошле до таму да има толку поларизирани политички елити. Одговорот лежи во одговорот на прашањето колку политичките елити се всушност групацци на луѓе во чии активности, во чие дејствување и во јавноста, во општеството и во политиката е всушност криминал, нагласи Дерала.
Тој праша колку нас ќе не чини транзициска правда, која ќе биде неуспешна.

Треба да знаете
Последни објави