Search

Пандев и Елмас имаат негативни корона-тестови

Добри вести од Италија за селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски  откако коронавирусот влезе во Џенова по мечот со Наполи. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев од редовите на Џенова и Елиф Елмас од Наполи имаат негативни корона-тестови и ќе можат да играат на бараж дуелот  од Лигата на нации, Македонија – Косово.

Паниката во Италија но и во редовите на македонската фудбалска репрезентација која се создаде по хаосот во тимот на Пандев, Џенова каде има дури 14 лица позитивни на коронавирусот по мечот со Наполи за кој настапи и Елмаз.

Сепак тестовите велат дека Пандев но и сите фубалерите на Наполи, вклучувајќи го и Елмас се негативни што значи дека обајцата ќе можат да дојдат во Скопје за натпреварот со Косово на 8-ми октомври во Лигата на нациите.

Ваквиот развој на настаните предизвика реакција кај министерството за спорт во Италија кое преку заменикот министер Сандра Зампа побара прекин на натпреварите во Серија А.

-Протоколите кои ги потпишавме говорат сами за себе, Серија-А мора да биде прекината. Заразените не можат да играат бидејќи можат да ги заразат другите – изјави Зампа.

Треба да знаете
Последни објави