Search

Палестинците во уништениот дел на Газа одржаа протестен концерт поради „Евровизија“

Палестински музичари одржаа концерт во уништениот дел на Газа, како алтернатива на „Евросонг“, кој моменатално се одржува во Тел Авив.

Палестинскиот настан се одржа на урнатините од згради и други објекти, кои израелските авиони ги уништија за време на неодамнешните ескалации на судирте меѓу израелските војници и палестинските милитанти во Газа.

„Евровизискиот фестивал чиј домаќин е Израел е само димна завеса за бруталното кршење на правата на Палестинците“ рекол еден од организаторите, Камел Мусалам, кој додал дека Израел сака да го измами светот и да покаже дека е мирољубива земја.

Палестинските милитанти пред речиси една недела испалија околу 700 проектили кон Израел, убивајќи четворица цивили. Во израелскиот противнапад загинаа 25 Палестинци, од кои десет цивили.

Треба да знаете
Последни објави