Search

Оштетени пломби на шест вагони на воз кој транзитирал низ земјава

Синоќа во 23,35 часот во полициската станица за граничен премин „Табановце“ било пријавено дека на излез од Република Северна Македонија, во товарен воз кој сообраќал на релација Република Грција-Република Унгарија има оштетување на пломби на шест вагони  натоварени со  девет контејнери. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави