Search

Очигледен е стравот од неуспех кај ВМРО-ДПМНЕ од предвремени брзи избори, но очигледна е и поддршката на граѓаните кон СДСМ за заложбите кои ги прави

Соопштение за јавност од СДСМ- реакција на изнесени ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најцрните страници од македонската историја се напишани токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното 11 годишно владеење, остави огромни последици и врз  државата и врз граѓаните.
Изолирана држава скарана со соседите ,економија во пад, осиромашување на граѓаните, а друга страна  грабање од граѓаните и лично богатење .
Тоа е сликата која ја остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе.
За само две години СДСМ преку политиките кои ги води, реши повеќедецениски спор, гради пријателски односи со сите соседи, економијата не само што ја стабилизира туку и таа денес е во раст, со бројни мерки го подигна животниот стандард и го врати достоинството на граѓаните.
Граѓаните ги препознаа заложбите на СДСМ, затоа и тогаш и дадоа силна подршка и тоа ќе го направат повторно. Очигледен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е колку се уплашени од предвремени брзи избори.
Втор ден не смеат да гукнат за брзи избори. Но, едно е јасно нема враќање на блокадите и деструкцијата на штета на државата и граѓаните.
Нашата држава тргна напред и ќе продолжи кон патот на евроинтеграцијата , затоа што тоа е местото кое го заслужува. Тоа е иднината која и претстои.“

 

Треба да знаете
Последни објави