Search

Отстапките на француската влада не ги смирија демонстрантите, оценува агенцијата АП

Отстапките кои францускиот премиер Едуард Филип ги направи во обид да ги смири насилните протести, кои веќе три недели траат во Франција, не ги смирија демонстрантите, оценува денеска американската агенција „Асошиејтед перс“ (АП).

Американската агенција наведува дека сега и трговските синдикати и земјоделците се закануваат дека ќе им се приклучат на протестите.

Еден ден откако Филип ја објави одлуката дека го суспендира планираното зголемување на даноците за гориво поради кое избија протестите, движењето „жолти елеци“ не покажува никакви сигнали дека планира да престане со протестите.

Остануваат мобилизирани и студентите кои се противат на реформите во образовниот систем, синдикатите на возачите исто така повикуваат на штрајк, а најголемиот земјоделски синдикат во Франција се закани дека следната недела ќе започне со протести.

Во заедничката изјава, најголемите два работнички синдикати во Франција, ЦГТ и ФО, ги повикуваа граѓаните да се придружат на планираниот протест во недела навечер.

Треба да знаете
Последни објави