Search

Откажани 45 летови во Барселона поради штети на аеродромот од протестите

Меѓународниот аеродром „Ел Прат” во Барселона претрпе мала штета при судирите меѓу демонстрантите и полицијата, изјави денеска портпаролот на аеродромот, истакнувајќи дека ситуацијата на аеродромот сега е мирна, но 45 летови се откажани поради вчерашните проблеми.

Откажаните летови се дел од 110 летови откажани во текот на вчерашниот ден.

Протестите ескалираа вчера откако Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти на 9 до 12 години затвор.

Портпаролот рече дека нема податоци за бројот на патници кои се погодени со откажувањето летови.

Треба да знаете
Последни објави