Search

Отворено Поединечното Европско првенство во шах

Поединечното Европско првенство во шах вчера беше свечено отворено во хотелот „Хилтон Дабл три“, со рекорден број на учесници и ќе трае од денеска до 30 март.

Станува збор за голем спортски настан, можеби најголем од Шаховската олимпијада во Скопје во 1972 година. На првенството ќе учествуваат околу 400 учесници од  44 држави и според  бројот на учесници едно од трите најголеми европски првенства. Првенството е организирано со помош од Владата на РМ, општината Аеродром и Агенцијата за млади

Македонија учествува со околу 15 учесници, од кои најголеми шанси за добар пласман има Кирил Георгиевски. Меѓу фаворитите е Хрватот Иван Шариќ, кој ја брани титулата европски првак, како и Украинецот Руслан Пономариов.

Треба да знаете
Последни објави