Search

Отворање на галерија „Рудиќ” со фото-изложба

Со изложба на Боро Рудиќ на која ќе бидат поставени 24 фотографии од неговите последни два циклуса “Appearing – Disappearing” и “EXIT” денеска во Скопје ќе биде отворена галеријата „Рудиќ”.

Како што наведува Рудиќ, Галеријата како изложбено место за фотографија и визуелни медиуми има цел да организира и презентира изложби/проекти на реномирани автори и да промовира нови таленти низ нивното патување во запознавање на визуелна култура.

Галеријата, додава тој, ќе биде и место каде љубителите на уметноста можат да ги купат нивните дела, како и место на друење и разговарори за фотографија.

Боро Рудиќ е еден од најпознатите македонски фотографи, автор е на 20-тина самостојни и учесник на повеќе од 250 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на повеќе од 60 награди. Тој е носител на највисокото фотографско звање, Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија.

Треба да знаете
Последни објави