Search

Осум нови случаи на коронавирус во Словенија

Во последните 24 часа во Словенија беа потврдени осум нови случаи на коронавирус, врз основа на 440 тестирани примероци.

Така, вкупниот број заразени лица во земјата се зголеми на 1.849, пренесува СТА.

Нема смртни случаи во последните 24 часа, а 111 луѓе починаа од почетокот на епидемијата.

Во Словенија во моментов има 265 активни случаи на коронавирус, а во болниците има 17 пациенти.

СТА потсетува дека избувна помало жариште во градот Храстник минатата недела, како резултат на голема приватна прослава.

Треба да знаете
Последни објави