Search

Остнува иста цена на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти, а се зголемува само малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуроспуер БС-98, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат и со тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 60.00 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 62.00 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 52.50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Треба да знаете
Последни објави