Search

Османи сериозните национални и државни теми не се решаваат по телефон, туку со јасни позиции утврдени во државните институции

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Бујар Османи

Изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи само ја потврдува несериозната дипломатија која се води по прашања кои се од витален национален и државен интерес. Вакви сериозни теми и прашања не се решаваат со телефонски разговори, бидејќи Македонија не е Шведска, а Балканот не е Скандинавија.

Потребен е национален консензус и јасни црвени линии, за што се залагаше ВМРО-ДПМНЕ уште пред цела година кога повикавме на носење на Резолуција во Собранието на Република Македонија.

Ако Османи ги негира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тогаш треба да каже што се разговарало на средбата со неговата бугарска колешка?

Јавноста со право прашува дали на повидок е нова свиткана кичма и нови уставни измени под притисок на Бугарија?

Искуството говори дека кога Заев нешто преговара, тогаш може да се очекува пазар кој Македонија и граѓаните скапо го плаќаат. Заев покажа дека е подготвен да распродаде се само за да ја зачува фотелјата и да ги заштити своите криминални и бизнис интереси.

Јавноста чека одговори, а не шеговити  досетки за вака сериозни национални и државни прашања.

 

Треба да знаете
Последни објави