Search

Османи: Државата ќе ги плаќа придонесите само на медиумите кои исполнуваат три услови

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес-конференција изјави дека Владата, по консултации со ССНМ, донела одлука да обезбедат средства за 100 отсто покривање на придонесите на плата на вработените во медиумите, вклучувајќи ги телевизиските и радио дифузерите, печатените медиуми, како и електронските интернет портали.

-За реализација на оваа мерка по предлог на синдикатот одредивме и услови со кои се заштитутваат работниците. Оваа мерка ќе можат да ја искористат само оние медиуми кои за време на кризата не отпуштиле ниту еден работник, а тоа право ќе го немаат и за времетрање на субвенцијата, или нема да можат да отпуштат ниеден вработен во наредните 3 месеци. Второ, оние медиуми поради кои кризите ги намалиле платите на одредени или сите вработени за да можат да ја искористат субвенцијата ќе треба да ги вратат платите на нивото од пред почетокот на вонредната состојба. Трето, право на оваа мерка ќе имаат медиумите кои имаат најмалку тројца постојано вработени работници“, истакна Османи.

Овие биле клучните барања на синдикатот, истакна Османи, кои Владата ги прифатила.

Османи истакна дека веќе подолго време предупредува за лажните вести и наменската пропаганда која се чувствува и во справувањето со предизвиците на пандемијата со КОВИД-10.

-Веќе нема дилема дека овој современ предизвик, оваа светска хибридна закана од општествен прераснува во безбедносен, сега веќе и здравствен проблем со кој мора многу посериозно да се соочиме. Во борбата со лажни вести најважно е да им се даде поддршка на оние кои ги пренесуваат точните вести, додаде Османи.

 

Треба да знаете
Последни објави