Search

Османи-Дедај: Продолжува унпаредувањето на односите помеѓу Македонија и Косово

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Република Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај. Османи најпрвин упати честитки до Амбасадорот за именувањето на оваа функција, и изрази надеж дека досегашната исклучително успешната соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во текот на неговиот мандат.

Имаме бројни заеднички проекти кои се реализираат, како што е граничниот премин ‘Белановце Станчиќ’, но и бројни други проекти од програмата за меѓугранична соработка кои се во тек или чекаат на реализација, за чии успех верувам дека ќе заеднички ќе се посветиме“ истакна Османи.

На средбата беа отворени и темите за напредокот на двете земји во рамките на европските интеграции, како и за севкупниот напредок на регионот од аспект на европските перспективи.

Собранието го даде првото зелено светло за уставните измени согласно договорот од Преспа,со што не само што се отвори патот за имплементација на обврските од Договорот, туку се создадоа услови и за забрзување на реформскиот процес на земјата”, истакна Османи, посочувајќи го успехот на Договорот од Преспа, но и претходно, Договорот за добрососедство со Бугарија, како поттик и за останатите земји од регионот, да вложат повеќе напори и повеќе храброст во надминување на меѓусебните спорови, како заеднички интерес на целиот регион.

Во продолжение двајцата соговорници изразија се согласија дека ќе продолжат да работат посветено во насока на унапредувањето на односите меѓу двете земји, како меѓусебно да се поддржуваат во европските евроатлантските интеграции.

Треба да знаете
Последни објави