Search

Орландо го совлада Сакраменто за петта победа по ред

Орландо меџик убедливо го совлада Сакраменто кингс со 132:116 во натпреварот од регуларниот дел на НБА лигата. Најпродуктивниот играч на средбата беше дефанзивецот на „Меџик” Теренс Рос, кој постигна 25 поени. Центарот Никола Вучевиќ, натпреварот го заврши со дабл-дабл од 23 поени и 11 скокови.

За Орландо ова беше петта последователна победа по која се искачи на 7. место во поредокот на Источна конференција.

Сакраменто е 12. на Запад.

На другите натпревари одиграни синоќа:
Бруклин – Вашингтон 118:110
Бостон – Портланд 128:124
Мемфис – Сан Антонио 106:108
Хјустон – Милвоки 120:116
Феникс – Далас 117:115.

Треба да знаете
Последни објави