Search

Организаторот на предизборниот собир на Трамп во Тулса не прифаќа одговорност за евентуално заразени

Лицата кои сакаат да присуствуваат на предизборниот митинг на актуелниот американски претседател Доналд Трамп во Тулса, во сојузната држава Оклахома, нема да имаат право да поднесат тужба во случај да се заразат со коронавирусот.

Според лондонски „Гардијан”, интернет страницата на која може да се регистрираат за собирот содржи и дел во кој организаторот ја отфрла одговорноста за можна инфекција на присутните, а заинтересираните се обврзуваат дека нему и на другите правни и физички лица ангажирани во собирот нема да им поднесат тужба.

Митингот во Тулса, закажан за 19 јуни, ќе биде првиот предизборен митинг на Трамп, бидејќи поголемиот дел од САД од пред три месеци е под мерки за изолација, поради избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

Во Оклахома, државата во која Трамп победи на претседателските избори пред четири години, укинувањето на рестриктивните мерки за компаниите заради вирусот почнаа на 24 април, а во тек е третата фаза на враќање во нормалниот живот.

Треба да знаете
Последни објави