Search

Општина Крива Паланка доби ровокопач

Општина Крива Паланка доби ровокопач набавен со средства од проектот за подобрување на општински услуги што го спроведува Министерството за финансии.

-Крива Паланка е една од триесетте општини, која доби механизација преку проектот за подобрување на општински услуги „МСИП” на Министерството за финансии. Станува збор за ровокопач кој Општина Крива Паланка заедно ќе го користи со општините Ранковце и Кратово. Механизацијата ќе придонесе за подобрување на условите за живот за граѓаните на повисоките места, како и во руралните општини, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

Со овој вид градежна механизација ќе се овозможи непречено извршување на општинските услуги: расчистување патишта во различни временски услови, редовно чистење канали и регулации на речни корита, превенција на поплави и сл.

Треба да знаете
Последни објави