Search

Општина Кисела Вода целосно реконструира улица во населба Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направија увид во градежните работи за целосна реконструкција на ул. „Бранко Заревски”, во населбата Драчево.

Со инвестицијата на Општина Кисела Вода, на улицата ќе се изврши гребење на постоечкиот асфалт и ќе се постави нов во должина од 600 метри и ширина од 7 метри.

Со цел за непречено одвивање на работните активности на улицата, локалната самоуправа апелира до граѓаните во наредните 10 дена да не ги паркираат возилата на тротоарите. Воедно, се замолуваат учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање.

Треба да знаете
Последни објави