Search

Општина Кисела Вода обезбеди дезинфекциски средства за влезовите на зградите

– Општина Кисела Вода со поддршка од бизнис заедницата од овој дел на Скопје обезбеди дезинфекциски средства и држачи за влезовите на колективните станбени згради.

Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани заедници на станари и управители на станбените згради, да се пријават на телефонскиот број 072 313-331 (сабота од 8 до 15 часот, а од понеделник од 8:30 до 16:30 часот) или на електронската адреса contact@kiselavoda.gov.mk, каде што треба да остават точна адреса – улица и број, како и телефон за контакт, по што од понеделник, Општина Кисела Вода ќе пристапи кон нивно монтирање.

– Потсетуваме дека, за колективни станбени згради се сметаат зградите со минимум осум станбени единици. Овие мерки што ги презема Општина Кисела Вода се дел од Владините препораки во насока на превенција и заштита од вирусот Ковид-19, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави