Search

Општина Карпош почна со асфалтирање на Новопроектирана во Криви Дол

Општина Карпош започна со асфалтирање на дел од улицата „Новопроектирана“, во населеното место Криви Дол. Станува збор за потег кој со години беше во руинирана состојба, со кал и прашина.

Во претстојниот период, ќе продолжи асфалтирањето на целата улица, со што значително ќе се олесни пристапот за голем број на граѓани.

Локалната самоуправа продолжува со планско развивање на голем дел од населбите, кои делуваа отсечено од урбаното јадро.

Подобрувањето на инфраструктурата е еден од главните предуслови за подигнување на квалитетот на живот.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави