Search

Општина Бутел: Флаери и документарни филмови за заштита од поплави

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски одржаа прес конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени“.

Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филмови за превенција од поплави, кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на Општина Бутел.

Градоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во Општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние возрасните и институциите треба да направиме се што можеме до поплава да не дојде.

Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од Општина Бутел.

Треба да знаете
Последни објави