Search

Општина Бутел миеше улици, и правеше дезинфекција на станбените објекти, детските игралишта, платоата на трговските центри

Општина Бутел  во изминатиот период презеде повеќе активности за заштита на здравјето на граѓаните и спречување и ширење на коронавирусот.
Имено,  се миеја локалните улици и урбаната опрема, извршена е дезинфекција на сите училишта и градинки, направена беше дезинфекција на станбените објекти, детските игралишта, платоата на Трговските Центри во Живко Брајковски – Бутел 1 и во Радишани.
Денеска комуналната служба на Општина Бутел , ги дезинфицираше просториите и дворот на Полициската Станица во Бутел, вонредна дезинфекција на Амбулантата во Бутел, Поликлиниката и Брзата Помош во Чаир.
Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за  чистење и дезинфекција на јавните објекти и површини.
Треба да знаете
Последни објави