Search

Општина Бутел: Детски ден на ликовната колонија ,,Љубанци 2019“

Вчера, 18.06.2019 година во рамките на  ликовната колонија ,,Љубанци 2019“ се одржа и детскиот ликовен ден на кој учество зедоа дваесеттина талентирани ученици од основните училишта во Општина Бутел. За првпат имавме и гости од ОУ ,,Гоце Делчев,, од Прилеп.

По овој повод ликовната колонија ја посети градоначалникот Велимир Смилевски и изрази задоволство од убавината на сликите на кои работат уметниците. Исто така додаде дека и детските цртежи ќе го стават на мака жирито кое треба од дваесеттина да избере само три најубави детски ликовни творби.

Инаку, на годинешнава деветта ликовна колонија учествуваат дваесетина ликовни творци од земјава и од странство: Данчо Ордев, Илија Богоевски, Владимир Лазоски, Ристо Андреев, Боро Арсовски, Ели Чочова, Мирослав Славковиќ, Харалампие Манчев, Станко Ѓорѓиев и др. Како и двајцата автори од Србија, Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ.

Граѓаните на Општина Бутел можат поодблиску да се запознаат со ликовниот уметник од Ниш Владан Ранѓеловиќ, бидејќи од понеделникот во холот на Општината се изложени 20 негови слики.

Организатор на ликовната колонија е Општина Бутел во соработка со Здружението на ликовни педагози – Скопје.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Ликовната колонија ќе работи до 21.06.2019 г.

Треба да знаете
Последни објави