Search

Опозицијата ја повика Бакингемската палата да започне истрага за расизам

Пратеничка на Лабуристичката партија, главната опизициска партија на Велика Британија, во понеделникот изјави дека Бакингемската палата треба под хитно да започне истрага за наводниот расизам, на кој посочија принцот Хари и Меган Маркл во бомбардното интервју за Опра Винфри.

За време на интервјуто, Меган наведува бројни инциденти, вклучително и неименувано лице во палатата кое додека таа била трудна ѝ предочило дека во палатата биле загрижени за тоа дали нејзиното дете ќе има темна кожа имајќи предвид дена мака ѝ е афроамериканка а татко ѝ белец.

Кејт Грин од британските лабуристи во понеделникот изјави за „Скај џуз“: Aко има обвинувања за расизам, очекувам овие наводи да бидат третирани од страна на Палатата со најголема сериозност и целосно истражени.

Треба да знаете
Последни објави