Search

Опасни детски играчки повлечени од пазарот во Македонија

Цела работа започна пред неколку дена откако Европската комисија за потрошувачи излезе со предупредување дека на европскиот пазар циркулираат небезбедни играчки.

Валентина Ангеловска

Опасни детски играчки тргнати од полиците на познат ланец продавници дознава 24 инфо од свои извори. Играчките биле оценети како небезбедни од страна на Пазарниот инспекторат и повлечени од продажба. Опасни играчки се најдени во неколку градови во државава, но најголема количина во Скопје и Битола. Во Пазарната инспекција велат дека во моментов експерти од Босна и Херцеговина разменуваат искуства со нашите пазарни инспектори по што следат големи акции од нивна страна пред новогодишните и божиќните празници. Дека има опасни кинески играчки на пазарот потврдија и во Пазарниот инспекторат, но детали не откриваат.

Во моментов експерти од Босна и Херцеговина разменуваат искуства со нашите.Ќе има засилени  контроли од страна на Пазарниот инспекторат пред Нова година. Нема да дозволиме ниту една небезбедна играчка да се продаде на македонскиот пазар- вели Стојко Пауновски директор на Државниот пазарен инспекторат. 

Цела работа започна пред неколку дена откако Европската комисија за потрошувачи излезе со предупредување дека на европскиот пазар циркулираат небезбедни играчки.

– За да бидат задоволни потрошувачите, Комисијата за потрошувачи и Државната агенција за метрологија и технички надзор повторно ја започнаа кампањата „За побезбеден Божик“. Седмата година по ред, нејзината цел е да ги заштити граѓаните од опасните производи што го поплавуваат пазарот во ова време од годината- стои во нивното соопштение.

Директорот на “Надзор на пазарот” во Бугарија Мирослав Јотов предупреди за какви стоки треба да се внимава:

Агенцијата се повеќе се фокусира на најновите производи кои се пласираат на пазарот. На пример антистрес играчка која децата ја користат за да се смируваат. Играшката има магнетче што многу лесно се одвојува од неа. При преземање може да предизвика фатални последици- вели Јотов.

Во соопштението стои дека на пазарот има играчки со батерии.

-Децата, исто така, имаат лесен пристап до батериите на играчките.  Дури и дасе купат гумени играчки треба да се внимава. И тие претставуваат закана. Прво, поради нивото на звучен притисок, кое не треба да надминува 65 децибели, и второ, поради уредот што емитува звук- велат експертите.

Но, не само играчките можат да бидат опасни. Здравјето на потрошувачите е загрозено од пиротехника и електрични украси.

Не сме надлежни за петарди

На прашање на 24 инфо што е со контролатана петардите кои енормно ги има на пазарите во Пазарниот инспекторат ни рекоа дека тие можат да ги контролираат и одземат само во организирана акција.

– Потребно е да се организира заедничка акција со Царина и МВР- велат во Инспекторатот.

Треба да знаете
Последни објави