Search

ООУ„Св. Климент Охридски” од село Драчево доби награда од Фондот за иновации

На конкурсот „Предизвик за млади истражувачи 2″, ООУ„Св. Климент Охридски” од село Драчево, од Фондот за иновации и технолошки развој доби награда, финансирање на проект за „Квалитетот на воздухот во училницата” . Училиштето наградата ја доби во конкуренција од 88 пријавени/проекти. 

Училишен тим составен од учениците и наставничките: Петар Велковски, Ема Трајчевска, Марија Панева, Матеа Крстевска, Максим Тасев, Андреј Николоски, Марко Маринковски, Биљана Илиева, наставник по биологија и Билјана Петрушевска, одделенски наставник истражувањето финансирано од ФИТР ќе го започне во октомври оваа година и ќе го спроведува до април, 2020 година. Учениците ќе истражуваат колку е загаден воздухот во училниците и во училишниот двор.

Тие ќе конструираат и четири мали градини со собни растенија кои ќе го прочистуваат воздухот во училница. На крајот од проектот резултатите ќе ги презентираат пред јавноста.

Предизвикот на ФИТР кој во соработка со Министерството за образование и наука се реализира, има за цел да ги потикне младите критички и креативно да размислуваат, а воедно и да стимулира иновативни идеи и акции во процесот на образование во основните и средните училишта.

Во градскиот парк, во Скопје вчера се одржа финалниот настан на кој беа прогласени и наградени најдобрите проекти од основните и средните училишта. На настанот присуствуваа заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Треба да знаете
Последни објави