Search

ОН: На Лесото му се заканува глад поради сушата

– Една четвртина од населението во Лесото односно на половина милион луѓе им се заканува глад поради сушата, проценуваат Обединети нации и побараа помош од меѓународната заедница.

– Поради минатогодишната суша што ја погоди државата во јужниот дел на Африка голем број на руралната популација нема доволно храна, изјави координаторот на ОН, Салватор Нијонзима.

Европска Унија денеска најави помош во висина од 1,5 милиони евра.

Владата на Лесото проценува дека се потребни 74 милиони долари за да се набави доволно храна за населението.

Треба да знаете
Последни објави