Search

ОН итно бара 350 милиони долари за помош на Палестинците

Обединетите нации и палестинската власт побараа 350 милиони долари за помош на Палестинците во 2019 година, и објаснија дека хуманитарните потреби се значително поголеми, но се свесни за рекордно ниското ниво на повикот за собирање на пари.

Хуманитарниот план за 2019 година опфаќа 203 проекти од различни организации – хуманитарни и невладини организации.

Приоритет е да се решат потребите на 1,4 милиони најзагрозени Палестинци, на кои треба да им се обезбедат храна и покрив над главата, вода, средства за лична хигиена и здравствени услуги, изјави Џејми МекГолдрик, координатор на ОН за Појасот Газа, Западниот брег и Источен Ерусалим.

„Хуманитарните работници се соочуваат со досега неочекувани предизвици, меѓу кои и со најниска реакција на повикот за собирање на помош и нападите со кои се отежнува нивната работа“, вели координаторот.

САД ветија помош, но откако исплатија 60 милиони долари, во август објавија дека ги прекинуваат донациите.

Треба да знаете
Последни објави