Search

Онлајн дискусија на ФАО: Олабавување на рестрикциите – што следно со системите за храна?

Информации за начините на решавање на влијанијата и предизвици од КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство во Европа и Централна Азија ќе споделат денеска земјите преку платформата на вебинарот на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО).

Дискусијата ќе се одвива од 10:00 до 11:00 часот преку платформата Zoom на следниот линк, а ќе има и пренос во живо на јутјуб.

-Како што земјите ги олеснуваат рестриктивните мерки поврзани со КОВИД-19, се појавуваат нови предизвици за производството на храна, преработката и логистиката на синџирите на снабдување. Некои од овие може да се претворат во можности за раст, доколку креаторите на политики и актерите во вредносниот синџир ја одиграат својата улога. Сега постои огромна потреба за практични решенија за ублажување на влијанијата на КОВИД-19 и искористување на нови можности во областа на снабдување со храна, безбедност на храната и исхраната, трговијата и пазарите, соопшти ФАО.

На настанот предвидено е обраќање на Владимир Ракхманин, заменик генерален директор и регионален преставник на ФАО за Европа и Централна Азија и Максимо Тореро, главен економист на ФАО.

Треба да знаете
Последни објави