Search

Омар ал Башир во палатата криел милиони евра, наменети за подмитување

Поранешниот претседател на Судан, Омар ал Башир во својата претседателска палата круел милиони евра, со кои подмитувал разни организации, изјави сведок на сведочењето против Башир.

Сведокот рече дека лично врачил 10,65 милиони евра на различни луѓе и организации. Пет милиони евра предал на Абдул Рахим Дагало, заменик водач на паравоената организација Сили за брза поддршка, како и 4,5 милиони евра на Африканскиот универзитет во Картум, со кој управувала Конгресната партија на Башир.

– Ал Башир беше единствената личност која имаше клуч од собата, каде се пронајдени парите. Моја единствена мисија беше да ги доставувам парите по негова наредба, изјави пред судот генерал мајор Јашир Башир, кој ја водеше канцеларијата на претседателот од 2015 до 2018 година.

Омар ал Башир во април беше симнат од власт од страна на војската и обвинет за корупција и илегално поседување странски валути.

Треба да знаете
Последни објави