Search

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот транспорт, поради што повеќето од нив на протестот дојдоа со велосипед.

Организаторите велат дека околу 25.000 луѓе излегле на протестот во попладневните часови, пред местото каде со одржува саемот, од кои 18.000 дошле со велосипед.

Властите затворија делови од автопатите А661 и А648 за да овозможат премин за толпата велосипедисти.

Активисти за животна средина се приклучија, под хаштагот #aussteigen, повикувајќи се на барањето за забрана на мотори со внатрешно согорување и транзиција кон еколошка мобилност и други форми на климатски неутрален транспорт, како што се возење велосипед или користење на јавен превоз.

За демонстрантите изработени се и инструкции со мапа од велосипедските патеки по кои велосипедистите може да дојдат и да се приклучат на протестот.

Велосипедските протести започнаа во неколку околни поголеми градови, вклучувајќи ги Гисен, Ашафенбург, Дармштат, Манхајм, Мајнц и Визбаден.

Светските производители на автомобили презентираат нови модели на меѓународниот саем, што во четвртокот го отвори канцеларката Ангела Меркел.

Меркел тогаш ја пофали автомобилската индустрија за нејзиниот напредок во развојот на климатски неутрални технологии.

Треба да знаете
Последни објави